Ибрахимовиќ ќе го продолжи договорот со Милан

Ибрахимовиќ ќе го продолжи договорот со Милан

пред 2 години

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ најверојатно ќе го продолжи договорот со тимот на Милан на уште една година, објавија италијанските медиуми.

Ибрахимовиќ (40) и покрај проблемите со повредите сезонава го даде придонесот во освојувањето на титулата, прва по сезоната 2010/11. Напаѓачот постигна осум гола на 23 натпревари во Серија А.

Како што објави „Газета дело Спорт“, Ибрахимовиќ е подготвен да потпише едногодишен договор. Договорот на шведскиот играч треба да содржи фиксен дел со симболична сума и профитабилни бонуси.

Следната недела ќе има средба со претставници на Милан. По операцијата на коленото, Ибрахимовиќ ќе биде надвор од терените најмалку до јануари.

Share
Scroll to Top