Играч на Порто заврши во болница

Играч на Порто заврши во болница

пред 4 години

Дуелот во португалскиот шампионат помеѓу Белененсес и Порто, го обележа моментот од 86.минута, кога се судрија голманот на Белененсес и играчот на Порот, Нану.

Нану се обиде да го испрати центаршутот на соиграчот, кога во пол трк, на него налета голманот на домаќинот.

Веднаш на теренот влегоа лекарите, натпреварот беше прекинат повеќе од 10 минути, а Нану потоа со возило на итната медицинска помош беше префрлен во болница.

Неговите соиграчи од Порто со солзи во очите следеа што се случува додека лекарите му укажува помош на Нану.

„Лекарите ми кажа дека се ќе биде во ред“, рекол најискусниот во редовите на Порто, Пепе.

Клубот извести дека играчот имал потрес на мозокот, дека за момент го загубил помнењето и дека се наоѓа во свесна и стабилна состојба.

 

Share
Scroll to Top