Изралелскиот олимписки тим официјално се извини откако членови на нивниот безбол тим во Токио објавија видео на социјалните мрежи на кое уништуваат еден од „картонските“ кревети во нивната соба во олимпиското село.
Речиси сите од 10-те илјади спортисти во Токио добија кревет направен целосно од картон поради еколошки цели, но и да се спречат сексуалните активности на спортистите при пандемија на корона вирус.
Израелските спортисти очигледно сакаа да ја тестираат изддржливоста од над 200 килограми за креветите со уништување на креветот.
„Спортистите направија детска работа. Се извинуваме и жалиме за овој инцидент“, изјави Петер Курц, тренерот на безбол репрезентацијата.
"נראה כמה ישראלים צריך כדי לשבור את אחת ממיטות הקרטון": סרטון טיקטוק שהעלה שחקן נבחרת הבייסבול של ישראל לטוקיו 2020, בן ווגנר, מראה את שחקני הנבחרת "בוחנים" את עמידות המיטות בכפר האולימפי, כשהם קופצים על אחת המיטות בחדר עד שהיא נשברת@lianwildau pic.twitter.com/ATfDU70lww
— כאן חדשות (@kann_news) July 27, 2021