Интер во 2006 година понудиле 250.000.000 евра за Меси

Интер во 2006 година понудиле 250.000.000 евра за Меси

пред 4 години

Жоан Лапорта се вклучи во трката за претседател на фудбалскиит клуб Барселона. Изборите во клубот треба да се одржат во март наредната година.

Лапорта е поранешен претседател на славниот клуб. На челната функција бил во периодот од 2003 до 2010 година. Овој период се смета за најуспешен во клупската историја, а тимот што го предводеше Пеп Гвардиола, за еден од најдобрите во историјата на фудбалот.

Лапорта, за шпанските медиуми открил дека во 2006 година Интер понудиле огромна сума на пари за Лионел Меси.

„Масимо Морати во 2006 година дојде кај мене со 250.000.000 евра за да го потпише Меси. Без размислување го одбив“, открил Лапорта.

Дополнил е дека никогаш нема да го заборави изразот на лицето на Меси, кога му рекол дека за него е подготвена капитенската лента и десетката.

Share
Scroll to Top