Јан Зомер ќе биде дел од смената на генерации на „Џузепе Меака“ следното лето, а според последните информации, негова замена треба да биде Андриј Лунин.
Украинецот нема место покрај Тибо Куртоа во Реал и следното лето сака да оди во голем клуб каде што ќе биде прв голман, а Интер звучи како идеална дестинација.
Ако се земе предвид дека Јан Зомер ќе го напушти клубот, доколку Интер испрати понуда, Лунин ќе ја прифати без двоумење.
Украинецот пристигна во Реал Мадрид во летото 2018 година, потоа отиде во Леганес, Ваљадолид и Овиедо, а од 2020 година е стандарден член на Реал.
Сепак, тој доби шанса само во сезоната 2023/24 кога Куртоа заработи тешка повреда на лигаментите на коленото и тогаш беше најзаслужен за пласманот на Реал во финалето на Лигата на шампионите, во кое на крајот бранеше, Куртоа.
Украинецот не брани многу ниту оваа сезона, имаше само три настапи, а иако има договор до летото 2030 година, се очекува да го напушти Мадрид.
„Трансфермаркт“ го проценува на 15.000.000 евра, но јасно е дека Интер ќе мора да издвои малку поголема сума за да го „убеди“ Реал.
Foto/ depositphotos






