Интер Мајами ги распродаде сезонските билети

Интер Мајами ги распродаде сезонските билети

пред 12 месеци

Интересот за фудбалот во САД по доаѓањето на Лионел Меси во Интер Мајами ги надминува сите прогнози.

Интер ги распродаде сите сезонски билети за регуларниот дел од следната сезона во МЛС, потврди клубот на социјалните мрежи.

Американските медиуми потсетуваат дека во септември Интер најави двојно поскапување на сезонските билети за 2024 година.

Во соопштението на клубот од Мајами се наведува дека навивачите ќе можат да купат билети за поединечни натпревари во МЛС лигата.

Тие билети ќе бидат пуштени во продажба откако ќе биде објавен распоредот на МЛС. Распоредот на регуларниот дел од следната сезона ќе биде објавен до крајот на годината.

Меси во летниот преоден рок пристигна во Интер без обештетување, откако му истече договорот со Пари Сен Жермен.

Тој одигра 14 натпревари за клубот од Мајами и постигна 11 гола, со што го предводеше тимот до историскиот, прв трофеј во МЛС купот.

Share
Scroll to Top