Интер се уште не уплатиле ниту цент за трансферот на Хакими

Интер се уште не уплатиле ниту цент за трансферот на Хакими

пред 4 години

Реал Мадрид, во летниот преоден рок, го продаде талентираниот десен бек, Ашраф Хакими во Интер. Челниците на двата тима тогаш договориле, Интер во три рати да го исплати трансферот, вреден 40 милиони евра.

Иако мина првиот дел од сезоната, Интер се уште не ја уплатиле првата рата од 13 милиони евра.

Според информациите од Шпанија, во Реал биле свесни за тешката финансиска ситуација во која се наоѓа Интер и поради тоа се уште нема да им прави проблеми на колегите од „Џузепе Меаца“.

Поради финансиската криза, компанијата „Сунинг“, која е сопственик на Интер, реши да го продаде клубот.

Share
Scroll to Top