Во Сан Марино се славеше, откако нивната фудбалска репрезентација првпат во историјата избегна пораз во два меча во низа.
Тимот во кој редовно играат локални забари, сметководители и банкари, во првите 150 меча од нивната фудбалска историја загубија 147 пати, примајќи 669 гола, но сега првпат во историја, тимот на Франк Варела одигра два меча без пораз – две ремија против Лихтенштајн и Гибралтар во Лигата на нации на УЕФА.
Резултатот е уште поимпресивен откако поголемиот дел од вчерашниот меч со лидерите на групата Гибралтар го одиграа без капитенот Давиде Симончини, кој доби црвен картон. Ова очигледно многу му значеше на бекот Данте Роси, кој не успеа да ги заддржи солзите давајќи го интервјуто по мечот.
San Marino, tarihinde ilk kez üst üste 2 maç yenilmeyince savunma oyuncusu Rossi, röportajda gözyaşlarını tutamadı.
? “Ağlamayacağım demiştim ama ağlayacağım. Küçük ama kalbi büyük ülkeme armağan olsun.”
? (San Marino RTV) pic.twitter.com/Wr18GVLbvj
— FutbolArena TV (@FutbolarenaTV) November 14, 2020