Италија во финалето по пенал-драмата! Мората трагичар за Шпанците!

Италија во финалето по пенал-драмата! Мората трагичар за Шпанците!

пред 3 години

Италија е првиот финалист на Европското првенство во фудбал, откако во драматична пенал-завршница, успеаја да бидат подобри од Шпанците со 4:2, откако по 90 и по 120 минути мечот заврши 1:1. „Аѕурите“ на Роберто Манчини сега го чекаат подобриот од мечот меѓу Англија и Данска (утре 21.00 часот) во големото финале на „Вембли“.

Ова е неверојатен пресверт за „аѕурите“ под водство на Роберто Манчини, откако пред три години во Италија имаше „национална катастрофа“ по неуспехот да се квалификуваат на Светското првенство во Русија во 2018 година.

Во меч во кој Шпанците ја имаа контролата на топката, но Италијанците беа поконкретни, се чекаше до 64. минута за гол, кога Федерико Киеза постигна прекрасен гол на „аѕурите“. Замената на Луис Енрике, Алваро Мората беше „спасител“ на Шпанците кога во 80. минута израмни на 1:1, но потоа беше и трагичар при изведувањето на пеналите, откако неговиот обид заврши во рацете на Џиџио Донарума за потоа Жоржињо со ноншалантен гол да ги однесе Италијанците во финале.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Share
Scroll to Top