Италијански веслач поради коронавирусот остана без медал

Италијански веслач поради коронавирусот остана без медал

пред 3 години

Италијанскиот веслач, Бруно Росети, остана без олимписки медал, откако еден час пред почетокот на финалната трка беше позитивен на коронавирусот.

Росети заврши со самоизолација, а неговите колеги извеслаа бронзен медал.

Останатите тројца од посадата беа негативни и можеа да настапат во финалето. На местото на Рсети настапи Марко ди Костанцо.

Иако настапи на сите квалификациски трки, Росети, според правилата нема да добие медал.

Во финалето, во трката на четврци, златото со нов олимписки рекорд (5:42.76 минути) го освои Австралија. Второто место им припадна на веслачите од Романија.

Share
Scroll to Top