Италијанците го суспендираа боксерот со нацистички тетоважи

Италијанците го суспендираа боксерот со нацистички тетоважи

пред 3 години

Италијанскиот боксер Микеле Броили доби суспензија од националната боксерска федерација откако се појави на меч со фашистички и нацистички тетоважи, во меч за кој и полицијата најави истрага.

28-годишниот Броили, кој загуби од марокански противник Хасан Нурдин во меч во Трст минатиот викенд во меч во супер-средна категорија, предизвика јавна дискусија во Италија околу тоа дали на некој кој јасно ја поддржува нацистичката идеологија треба да добие место во спортот.

Броили има „СС“ тетоважа, како и „88“ симбол, код за „Хајл Хитлер“, а покрај тоа пред мечот беше снимен како го упатува фашистичкиот поздрав до своите фанови.

„Кога влегов во рингот и ги видов тетоважите бев шокиран. Нема оправдување и не знам зошот италијанската федерација не го спречи да влезе во рингот“, изјави Нурдин по мечот.

Share
Scroll to Top