Италијанците предупредени да не се расправаат со судиите на ЕУРО 2020

Италијанците предупредени да не се расправаат со судиите на ЕУРО 2020

пред 3 години

Роберто Росети, поранешниот италијански фудбалски судија, а сега шеф за судии во УЕФА, денеска се сретнал со италијанската репрезентација пред Европското првенство, објаснувајќи им го променетото правило за играње со рака и предупредувајќи ги да не протестираат премногу на турнирот.

Според новинската агенција „АНСА“, главната порака до фудбалерите биле да не протестираат премногу со мафтање на рацете и врескање кон судијата, бидејќи тоа нема да се толерира како во Серија А.

Интерпретацијата на играње со рака се менува по големиот број на поплаки за непостојаност на судиските одлуки, по што УЕФА даде разјаснување на правилата. Со овие правила играње со рака ќе се суди кога телото на фудбалерот се прави „неприродно поголемо“, но на крај конечната одлука ќе биде донесена од секој судија индивидиуално.

Share
Scroll to Top