Иако постоеја реални шанси и надежи македонската ракометна репрезентација повторно да биде дел едно Светското ракометно првенство, и тоа на почетокот на следната година во Египет, сепак тоа нема да се реализира.
Светската ракометна федерација (ИХФ) сепак последното слободно место на Мундијалот и го додадели на селекцијата на Чиле која е тотален аутсајдер на собирот на најдобрите светски ракометни селекции.
Ракометниот турнирот во Средна и Јужна Америка кој требаше да ги одреди последните учесници на мундијалот кој е предвиден за јануари следната година не се одржи поради пандемијата на коронавирусот, па ИХФ одлучи празното место да и го додели на селекцијата на Чиле која ќе биде во група со домаќинот Египет, потоа Шведска и Чешка.