Кадиз е изненадувањето во Ла лига – сега се на второто место!

Кадиз е изненадувањето во Ла лига – сега се на второто место!

пред 3 години

Новиот шпански прволигаш Кадиз продолжи со изненадувачките игри во Ла лига, откако со 2:0 славеа на гости кај Еибар за да се искачат на второто место на табелата пред комплетното осмо коло.

Победата беше обезбедена за само три минути, кога прво Алваро Негредо во 36. минута доби одлична топка и со глава го совлада голманот, за три минути подоцна Салви Санчез да избегне офсајд стапица и да го удвои водството.

Кадиз сега има четири победи и 14 поени, вклучувајќи две импресивни победи на гости над Реал Мадрид и Атлетик Билбао, и има ист број на поени како првопласираниот тим на Реал Сосиедад.

Share
Scroll to Top