Казна за Ибрахимовиќ и Лукаку за кавгата во Купот на Италија

Казна за Ибрахимовиќ и Лукаку за кавгата во Купот на Италија

пред 4 години

Напаѓачите на Милан, Златан Ибрахимовиќ и на Интер, Ромелу Лукаку се казнети со неиграње на еден натпревар по кавгата на четвртфиналниот меч од Купот на Италија кој им припадна на „нероазурите“.

Оваа одлука ја соопштија од ФС на Италија откако заседаваше дисциплинската комисија.

Двајцата фудбалери вербално почнаа да се напаѓаат на крајот на првото полувреме, се судрија за момент и со главите, а по тешките зборови кои паднаа од двете страни, соиграчите ги раздвоија и спречија поголем инцидент.

Понервозен во целата мешаница беше помладиот, Белгиецот Лукаку кој едвај го задржаа да не се впушти во тепачка со ветеранот кој во кариерата имал многу слични ситуации.

Сепак, во второто полувреме, откако страстите меѓу двајцата голгетери се смирија, Ибрахимовиќ по еден непромислен старт врз Коларов заработи втор жолт картон и предвреме го заврши мечот кој неговиот тим го загуби во судиското недополнување.

Share
Scroll to Top