Женската ракометна репрезентација на Норвешка петти пат во историјата стана светски првак. Норвешка, во финалето на 27-то Светско првенство, ја победи Германија со 23:20 (11:11). Со победата во Ротердам, Норвежанките ги обединија трите круни, сега се актуелни европски, светски и олимписки шампионки. Германките можат да бидат горди на она што го постигнаа бидејќи стигнаа до светскиот медал, прв од 2007 година.
Катрин Лунде имаше 15 одбрани, Хени Рајстад постигна шест, Тејл Дејл пет, Нора Мерк и Ингивлд Бакеруд по три гола. 45-годишната голманка Лунде, на јадобар начин ја заврши кариерата во националниот тим, совкупно 21 медал од големите натпреварувања, а од светските првенства има седум медали, три од нив се златни.
За Германија, Катарина Филтер имаше девет одбрани, Емили Фогел, Виола Летер и Алина Гриселс постигнаа по четири гола.
Норвешка стигна до финалето во стилот на казнена експедиција. Имено, само Црна Гора успеа да избегне пораз во четвртфиналето со разлика помала од десет гола.
Во финалето влегоа како големи фаворити, но Германките скапо ја продадоа кожата. Пред се одиграа фантастично одиграа во , особено во беа добри во првиот дел, кога Норвешка никако не можеше да најде ритам во нападот.
Стартот на вториот дел, првите седум минути беа клучни за конечниот исход, во тој период Норвашка направи серија 4:1.
Германија стигна до 17:17, но тогаш на сцена стапи Рајстад, голманката Лунде и десното крило Ауне. Таа ги постигна последните два гола на мечот за Норвашка.
Во борбата за бронзениот медал, Франција ја победи Холандија во Ротердам со 33:31, по продолженија.






