Кевин Пангос повторно ќе игра во Евролигата

Кевин Пангос повторно ќе игра во Евролигата

пред 3 години

Канаѓанецот Кевин Пангос реши да се врати во Евролигата. Пангос имаше неуспешна авантура во НБА лигата, во Кливленд Кавалирс.

Пангос, од Зенит, замина во НАБ, но не успеа да се наметне во Кливленд, тим кој е едно од најпријатните изненадувања оваа сезона.

Канаѓанецот, кариерата ќе ја продолжи во ЦСКА Москва. Тој и во летниот преоден рок имаше понуда од најтрофејниот руски клуб, но ја одби и замина во САД.

Пангос, со ЦСКА ќе потпише двегодишен договор, од кој ќе заработи 6.000.000 долари.

Share
Scroll to Top