Кејн за обидот да оди во Сити: Мојата совест и репутација остануваат чисти

Кејн за обидот да оди во Сити: Мојата совест и репутација остануваат чисти

пред 3 години

Хери Кејн вели дека неговата репутација останува без дамка и дека има чиста совест по неуспешниот обид да изнуди трансфер од Тотенхем во Манчестер сити.

Во една од приказните кои го одбележија летото, Кејн мораше да прифати дека Даниел Леви одбива да го продаде и за 150 милиони фунти и по шпекулациите за штрајкувањето и бунтот на Кејн, англискиот капитен конечно проговори.

„Знаев дека има многу шпекулации околу мене, но останав смирен. Ја знаев ситуацијата со клубот. Секој може да има свое мислење, но јас како и секогаш сум фокусиран да играм за мојот клуб и мојата земја и очекувам добра сезона. Не сметам дека репутацијата ми е нарушена, сите кои се вклучени во фудбалот знаат како се одвиваат тие работи. Тоа беше меѓу мене и клубот, а кога ќе ја знаете вистината, совеста ви останува чиста. Сега се фокусирам на иднината и целта е да се освојат титули со Тотенхем, како и секоја година. Почнавме одлично во Премиер лигата, имаме нов менаџер, и тоа е мојот фокус – да се стигне до тој трофеј кој го посакувам цела кариера“, вели Кејн.

Share
Scroll to Top