Киеза одбил неколку понуди од Саудиска Арабија

Киеза одбил неколку понуди од Саудиска Арабија

пред 1 година

Италијанскиот репрезентативец Федерико Киеза одбил неколку понуди од Саудиска Арабија. Како што пишуваат медиумите на „чизмата“, интерес за него покажале Ал-Итихад, Ал-Хилал, Ал-Ахли и Ал-Наср кои му понудиле 20 милиони евра по сезона.

Сепак, тој одлучил да не ја прифати понудата.

За Киеза се интересираа и премиерлигашите Астон Вила и Њукасл, но тој се заблагодарил и на овие два клуба. Неговата одлука е да остане во Јувентус и во новата сезона.

Share
Scroll to Top