Кимих: Ќе си заминев од Баерн, ако не си одеше Карло Анчелоти

Кимих: Ќе си заминев од Баерн, ако не си одеше Карло Анчелоти

пред 2 години

Германскиот репрезентативец Џошуа Кимих во сезоната 2016/17 сакал да го напушти Баерн Минхен, и тоа поради Карло Анчелоти. Во периодот додека успешниот италијански стратег беше на кормилото на баварскиот клуб, Кимих не добиваше голема минутажа.

„Кога не играв колку што сакав, размислував да го напуштам клубот. Но, тогаш Карло Анчелоти си замина и јас повторно бев стандарден првотимец“, изјави Кимих. „Освоивме сè и никогаш повеќе не помислив на тоа“.

После Анчелоти, германскиот шампион накратко го предводеше Вили Сањол, потоа Јуп Хејнкес, а следеа Нико Ковач, Ханси Флик и денешниот тренер Џулијан Нагелсман.

Share
Scroll to Top