Кенин ќе игра финале на Ролан Гарос, Квитова во аут

Кенин ќе игра финале на Ролан Гарос, Квитова во аут

пред 3 години

Американката Софија Кенин (22) е втората финалистка на Отвореното тениско првенство на Франција – Ролан Гарос.

Таа попладнево за стотина минути игра, во два сета со 6-4 и 7-5 ја совлада фаворизираната чешка тенисерка Петра Квитова (30) и се избори за ново финале по она што го играше на почетокот на годинава на Австралија Опен и кое беше во нејзина полза.

Шестата светска тенисерка во моментов во првиот сет загуби еден сервис, но Квитова беше неуспешна на двапати при нејзиниот сервис, во третиот и во петтиот гем, па Американката го освои сетот со 6-4 за 1-0.

Во вториот сет Кенин направи брејк во петтиот гем и кога се чинеше дека тука ќе го направи решавачкиот чекор кон лесно приведување на мечот до крај, поискусната Квитова и направи брејк при 5-4 и сервис за победа.

Сепак, по израмнетите 5-5, Кенин веднаш направи рибрејк и стигна до триумф и пласман до ново финале.

Во борбата за трофејот ривалка ќе и биде 3 години помладата полска тенисерка, Ига Свјонтек која денеска беше поуспешна од Аргентинката Подороска.

Share
Scroll to Top