„Кориере“: Агентот Мендеш им го понудил Роналдо во Манчестер Сити!

„Кориере“: Агентот Мендеш им го понудил Роналдо во Манчестер Сити!

пред 3 години

Италијански „Кориере дело Спорт“ лансираше сензационална вест дека агентот на Кристијано Роналдо – Жорж Мендеш го понудил својот клиент во Манчестер Сити, а „граѓаните“ можат да го откупат Португалецот за „само“ 30 милиони евра.

Роналдо во Сити би било алтернатива за Хари кејн кој е главна мета на тимот предводен од Пеп Гвардиола ова лето.

Доколку не успее трансферот на Кејн од Тотенхем во Манчестер, „граѓаните“ имаат резервна опција 0 Роналдо.

За потсетување, Роналдо ова лето го поврзуваа и со трансфер во ПСЖ, но сепак Лео Меси заврши на „Паркот на принцовите“.

Роналдо од 2003 до 2009 година беше дел од Манчестер Јунајтед, каде на 292 меча постигна 118 гола во ерата на Фергусон.

Share
Scroll to Top