Откако на крајот на минатиот месец беше објавен трејлер за документарниот филм за животот на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, сега испливаа нови детали. Неговата сопруга Корина го открива нивниот последен разговор пред несреќата која се случи во 2013 година, на скијање на француските Аппи.
„Никогаш не сум го обвинувала Бога за она што се случи. Тоа беше само несреќа“ рече таа.
Корина Шумахер открива дека пред несреќата Михаел и испратил порака во која пишувало:
„Снегот не е идеален, би можеле да одлетаме за Дубаи“.
Иако носеше кацига, Шумахер тој 29. декември се здоби со тешки повреди на главата и одреден период беше во животна опасност. Неговата здравствена состојба и денес е голема непознаница.
„Живееме заедно во куќата, подложен е на терапии, правиме се што е во наша моќ да му биде добро, да ја почувствува љубовта и солидарноста на семејството. Важно е и понатаму максимално да ја заштитиме неговата приватност“ вели Корина Шумахер.
Магазинот „Спорт Билд“ наведува дека сите фанови на Шумахер кои очекуваат детали за неговата здравствена состојба во документарниот филм ќе останат разочарани.