Корне: Поради Ѓоковиќ, многу тенисери почнаа да медитираат

Корне: Поради Ѓоковиќ, многу тенисери почнаа да медитираат

пред 3 години

Француската тенисерка Ализе Корне неодамна ја објави својата автобиографија, во која имаше интересен осврт на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ и како тој и помогнал во кариерата на необичен начин.

34-годишниот српски тенисер, слично како неговите вечни ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал посветува огромно внимание на своето физичко здравје и форма, но за разлика од нив, тој практикува и поинакви методи. Корне објаснува еден од овие методи.

„Кога слушнав дека Новак Ѓоковиќ неколку пати ја споменува медитацијата, си кажав можеби е време и јас да пробам. Секогаш сум ја имала таа страна на карактерот, пишував дневник од мојата осма година и пишував поезија. Медитацијата ти помага да се опуштиш, да ги надминеш тешките моменти, кои ги има во животот на секој спортист. И не сум единствената која се обиде со медитацијата по коментарите на Новак“, пишува Корне.

Share
Scroll to Top