Коронавирусот ја затвори академија на ПСЖ

Коронавирусот ја затвори академија на ПСЖ

пред 4 години

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ), претпладнево го затворил тренинг центарот на фудбалската академија, поради коронавирусот. Клубот објави дека академијата ќе биде затворена до понеделник, откако неколку лица биле позитивни на вирусот.

Новите тестирања ќе бидат извршени во петок.

Фудбалерките на ПСЖ, не отпатуваа на реванш натпреварот, во Лигата на шампионите, против Спарта Прага, бидејќи неколку фудбалерики биле заразени со вирусот Ковид-19.

Првиот меч заврши со резултат 5:0, што значи дека ПСЖ ќе се пласира во наредната рунда и доколку УЕФА мечот го регистрира со службен резултат 3:0 за Спарта.

Share
Scroll to Top