Кошаркарот Коменчи признал дека ја убил Маријана Роџерс

Кошаркарот Коменчи признал дека ја убил Маријана Роџерс

пред 11 месеци

Ченс Коменчи (27), играч на филијалата на Сакраменто Кингс во „Џи-лигат“, признал дека ја убил Маријана Роџерс (23). Американскиот „Фокс5“ пишува дека несреќната девојка тој ја задавил со кабел. Телото на Маријана Роџерс пред неколку дена било пронајдено во пустината во Невада.

Коменчи заедно со неговата девојка Сакари Харнден (19) го смислиле планот да ја убијат медицинската сестра. Тие првично сакале да ангажираат трето лице за да ја убијат Маријана, но потоа се предомислиле. Наводно се појавиле и пораките што ги размениле, а сето тоа ќе биде вклучено во доказите.

Како што се наведува во текстот, тие планирале убиството да го извршат во ноември, па планот го ставиле „во мирување“ до доаѓањето на Коменчи во Лас Вегас, каде одиграл меч со Стоктон кингс.

„Полицијата обезбедила налог и го следела движењето на двајцата осомничени. Утврдено е дека тие со мерцедес отишле од хотелот до продавница каде ја сретнале жртвата. Според следењето на нивните мобилни телефони, потврдено е дека тие биле заедно во истото возило и дека телефонот на жртвата престанал да работи околу четири и пол часот наутро, додека телефоните на двајцата осомничени биле лоцирани во близина неполни 15 минути подоцна“, се вели во текстот.

Исто така, се додава дека според видео снимките во хотелот, утврдено е дека Коменчи се вратил околу 9 часот наутро, додека околу 11:30 часот неговата девојка Сакари во солзи го напуштила хотелот и набргу потоа била уапсена.

Таа одбила да разговара со полицијата, додека Ченс наводно признал дека „преку апликација ја запознал девојката пред година и пол и дека таа имала проблем со Маријана“.

Признал и дека од жртвата побарал часовник Ролекс и дека после тоа тој и девојката смислиле план да ја убијат. Тој рекол дека и понудил 1.000 долари за да се запознаат и имаат заеднички секс, а потоа ја задавил со „HDMI кабел“. Тој и кажал на полицијата каде може да го најдат телото и откри повеќе детали за бруталното убиство …

Инаку, во септември 2018 година Коменчи бил на проба во Партизан, но не го поминал тестот. Не беше избран на НБА драфтот, играше во филијалите на Мемфис, Кливленд, а накратко беше во Анкара, Турција, па се обиде да најде место во НБА лигата.

Во април годинава му успеа во тоа, потпиша за Портланд, но таму не се задржа долго. Тој на почетокот на октомври потпиша за Сакраменто, доби отказ по само 10 дена и се префрли во филијалата на франшизата од Калифорнија.

Share
Scroll to Top