Роналд Куман, ја коментирал актуелната ситуација во Барселона по синоќашната победа над Атлетик Билбао (2:1).
Вчера, „Мундо Депортиво“, објави дека Меси во изминатите четири години од Барселона добил 555 милиони евра. Поради објавувањето на овие информации тужби кон медиумут најавија клубот и фудбалерот.
„Долго време сите знаеме дека тој е најдобриот играч во светот. Многу работи направил за клубот. Не сум го видел вака мотивиран, како што беше изминатите денови. Треба да се има почит кон она што го направил. Оној што ги открил податоците сака да му наштети и за тоа ќе плати. За него повеќе нема место во клубот“, рекол Куман и дополнил.
„Мораме да бидеме обединети и фокусирани. Овие работи треба да ги оставиме на страна. Без Лео не можеме да ловиме трофеи, тој е брилијантен играч“.