Куртоа потврди дека ќе го пропушти ЕП

Куртоа потврди дека ќе го пропушти ЕП

пред 11 месеци

Голманот на Реал Мадрид и Белгија, Тибо Куртоа, објави дека ќе го пропушти Европското првенство во Германија следната година.

Куртоа поради тешка повреда на коленот тековната сезона ја заврши во август. На тренингто на Реал ги скина лигаментите во левото колено.

Прогнозите се дека тој ќе се врати на почетокот на мај, но голманот не сака да игра за репрезентацијата во текот на летото.

„Ако имам среќа, ќе одиграм еден натпревар во мај, но нема да форсирам, поради тоа ќе го пропуштам ЕУРО. Реал Мадрид беше јасен дека сака да се опоравам 100 проценти и не сакаат да се вратам прерано. Не сакам да ја изневерам нивната доверба“, изјави Куртоа.

Куртоа пристигна во Мадрид во 2018 година и ја освои Лигата на шампионите, како и две титули во шпанското првенство. Пред тоа играше за Челзи и Атлетико Мадрид. За репрезентацијата на Белгија одигра 102 натпревари.

Share
Scroll to Top