Лајпциг падна во Менхенгалдбах, Баерн и Дортмунд се лидери во Германија

Лајпциг падна во Менхенгалдбах, Баерн и Дортмунд се лидери во Германија

пред 4 години

Фудбалерите на Лајпциг го доживеаја првиот пораз оваа сезона во Бундес лигата. Во шестото коло, биковите, беа поразени со 1:0 на гостувањето во Менхенгалдбах.

Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 60 минута, кога Ханес Вулф, успеаш да го совлада Гулаши.

До крајот на натпреварот играчите на Лајпциг не искористија две добри шанси преку Нкунку и Сорлот.

По првиот пораз во сезоната фудбалерите на Лајпциг челната позиција им ја препуштија на Баерн и Борусија Дортмунд. Лидерите на табелата имаат по 15 бодови, два повеќе од лајпциг, додека Борусија Менхенгалдбах е на четвртото место со 11 бодови.

Share
Scroll to Top