Скандалот со нелегално обложување што ја потресе НБА лигата во последните недели би можел да влијае и на една од најголемите ѕвезди, Леброн Џејмс. Претприемачот Патрик Бет-Дејвид предупреди на оваа можност, истакнувајќи дека долгогодишниот деловен партнер на Џејмс, Маверик Картер, им признал на федералните агенти во 2021 година дека нелегално се обложувал на натпревари.
Според извештаите на „Вашингтон пост“, Картер признал дека во текот на една година поставил околу дваесет облози, во износ од 5.000 до 10.000 долари по облог. Во тоа време не беа покренати обвиненија против него бидејќи не бил главна цел на истрагата.
Џејмс тврдеше дека не знаел за активностите на својот партнер сè додека не се појави веста. Тој нагласи дека Картер нема директна поврзаност со НБА или НФЛ, што теоретски би му дозволило да се обложува без да ги прекрши нивните внатрешни правила.
Сепак, ако судските власти успеат да докажат дека Картер се здружил со обвинетиот во скандалот од 2025 година, последиците би можеле да бидат катастрофални за Џејмс.
Патрик Бет-Дејвид во својот подкаст „ПБД подкаст“ оди чекор понатаму и тврди дека, во случај ФБИ повторно да ја отвори истрагата против Картер, ѕвездата на Лејкерси по пензионирањето би можела да биде казнета со забрана за влез во Куќата на славните, во која треба да биде примен пензионирањето.
Таков преседан во историјата на НБА би бил исклучително редок. До денес, ниту еден активен играч не бил казнет на таков начин поради надворешна кривична истрага.
Џејмс е најдобриот стрелец во историјата на НБА (42.184 поени), четирикратен МВП на НБА и нејзин четирикратен шампион.






