Леванте продолжи да „распродава“ бодови, Елче денеска зема 3

Леванте продолжи да „распродава“ бодови, Елче денеска зема 3

пред 3 години

Шпанскиот прволигаш Леванте каде стандарден во првата постава е македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди продолжи да губи мечеви во домашниот шампионат. Барди го одигра целиот меч, а во 93 минута заработи жолт картон.

Клубот од Валенсија попладнево загуби со 1-0 кај тимот на Елче во рамки на 33. коло во Ла Лига. Ова е шести пораз за Леванте на последните 8 натпревари во лигата.

За Елче, пак, денешните три бода што ги донесе Бој во 32 минута се многу вредни во борбата за опстанок.

Со нив сега Елче има 30 бода и барем за момент е над трите позиции кои носат преселба во Сегунда. Алавес е под нив со ист број бодови, а Уеска има три помалку на претпоследната позиција.

Леванте е безбеден, на 12-та позиција со 38 поени.

Share
Scroll to Top