Легендарниот фудбалер е бездомник: Сега сум тажен пијаница

Легендарниот фудбалер е бездомник: Сега сум тажен пијаница

пред 9 месеци

Легендарниот англиски фудбалер Пол Гаскојн уште еднаш проговори за тешките моменти низ кои минува. Гаскојн со години се бори со алкохолизмот поради што изгубил се, па дури и домот.

Газа по седми пат замина на рехабилитација, се обидува да се откаже од алкохолот. Бил во клиника во Саутемптон каде плаќал 6.000 фунти месечно.

„Откако отидов на мојот прв состанок на анонимни алкохоличари, направив 12 чекори, а еден од нив беше да ја запознаам личноста што ја обвинувам за моите проблеми и да ја запознаам таа личност, таа личност бев јас“, рече Гаскојн, додавајќи :

„Бев среќен пијаница, но веќе не сум, сега сум тажен пијаница. Не излегувам да пијам, пијам дома. Луѓето го знаат Пол Гаскојн, но никој не го знае Газа. Мислам дека не изневерив ниту еден тренер, не ги изневерив соиграчите, навивачите, го изневерив само Пол Гаскојн“.

Бидејќи нема дом, живее кај менаџерката Кејти Дејвис.

„И се јавив на Кејти во ноември пред неколку години и почнав да плачам поради тоа што си го направив себеси и на другите луѓе. Бев во затвор и на рехабилитација, шмркав кокаин од даската на шолјата во тоалет. Сега живеам во нејзиниот стан “.

Во својата кариера Гаскојн играше за Њукасл, Тотенхем, Лацио, Ренџерс, Мидлсброу, Евертон, Барнли, Тианма во Кина и нисколигашот Бостон Јунајтед.

За репрезентацијата одигра 57 натпревари и постигна 10 голови.

Share
Scroll to Top