Лекип: ПСЖ има проблем, Мбапе и тренерот Енрике не се во добри односи

Лекип: ПСЖ има проблем, Мбапе и тренерот Енрике не се во добри односи

пред 9 месеци

Се влошува односот меѓу најголемата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе и тренерот Луис Енрике, тврди „Лекип“. Влијателниот француски медиум пренесува дека односите меѓу споменатите двајца се турбулентни во последните недели. Според овој извор, причината што на последните натпревари Енрике го става Мбапе да игра како класичен напаѓач, а не на крило каде што повеќе сака да игра.

Мбапе му донесе водство на ПСЖ во 66. минута против Лил (1:1) во 16. коло од францускиот шампионат. Беше прецизен од пенал, но не го прослави голот. „Лекип“ смета дека со ваквата реакција сакал да покаже дека не се согласува со одлуките на тренерот.

Лошите односи меѓу тренерот и Мбапе, во овој дел од сезоната се голем проблем за клубот.

Имено, договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, а тој се уште нема потпишано нов. Доколку не биде договорено продолжување на соработката, Французинот ќе има право да преговара со кој било клуб во текот на зимскиот преоден рок.

Како и лани како прв фаворит за неговиот потпис се издвојува Реал Мадрид.

Share
Scroll to Top