Јуве пазари од кај Пандев, донесе 19-годишен „везњак“

Јуве пазари од кај Пандев, донесе 19-годишен „везњак“

пред 3 години

Италијанскиот шампион Јувентус е многу близу во своите редови да го доведе 19-годишиот фудбалер од средниот ред, Николо Ровела кој е актуелен фудбалер на Џенова, јавува денеска италијанска „La Gazzetta dello Sport“.

Според информациите, „Старата дама“ за соиграчот на Горан Пандев ќе плати 9 милиони евра, а се очекува целиот трансфер да биде завршен за неколку дена.

Ровела, според информациите од Италија, за свој идол го има Хрватот Лука Модриќ, а Јуве сака со него да ја зголеми конкуренцијата во средниот ред во екипата.

Share
Scroll to Top