Ленард избори седми меч за ЛА Клиперс

Ленард избори седми меч за ЛА Клиперс

пред 3 години

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс изборија мајсторка против Далас Маверикс. Шестиот натпревар од оваа серија во Западната конференција, Клиперси го добија со 104:97. Серијата помеѓу Клиперси и Далас влезе во историјата на НБА лигата, бидејќи досега ниту еден тим не успеа да победи како домаќин.

Клиперси до победата ги однесе Каваи Ленард со 45 поени, шест скока, три асистенции и две украдени топки. Голема помош Ленард доби од Реџи Џексон и Пол Џорџ кои постигнаа 25, односно 20 поени.

Кај Далас се истакна Лука Дончиќ со 29 поени, осум скокови и 11 асистенции, 23 постигна тим Хардавеј јуниор, 12 на кои придодаде и девет скока Бобан Марјановиќ.

Седмиот меч од оваа серија на програмата е во недела од 21.30 во Лос Анџелес.

Share
Scroll to Top