Леонардо: Со мене е тешко, без мене е невозможно

Леонардо: Со мене е тешко, без мене е невозможно

пред 3 години

Леонардо, спортскиот директор на Пари Сен Жермен, и покрај тоа што тимот ја освои титулата во Лига 1 се наоѓа на жестоки критики во јавноста. Според многумина, Бразилецот е главниот виновник што тимот од Париз, составен од големи ѕвезди, се уште ја нема освоено Лигата на шампионите.

Леонардо има свое видување на целата приказна.

„Ми се допаѓа предизвикот што го имам со ПСЖ. Тешко е, но во исто време уживам во секој момент. И верувам дека ќе ја постигнеме нашата цел во блиска иднина. Тешко е со мене, но невозможно без мене“, изјави Леонардо.

Поранешниот ас на Милан и ПСЖ признал дека направил грешки.

„Тоа може да се случи. Сепак, морам да признаам дека короната целосно не исфрли од од шините. Лани донесовме одлични играчи: Меси, Серхио Рамос, Донарума, Вајналдум, Хакими и Мендеш. Потребно е време да се склопи сè. Сите мораме да бидеме трпеливи, ништо не доаѓа преку ноќ“, рече Леонардо.

Share
Scroll to Top