Ливерпул стигна до 3:1 победа над Њукасл за да се доближи на еден поен од лидерот Манчестер сити, во уште еден меч кој беше одбележан со позитивни КОВИД тестови за повеќе фудбалери на домашниот тим.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џонџо Шелви ја „замолче“ публиката во 7. минута од мечот, но тимот на Јирген Клоп бргу се созеде за да го преземе водството. Диого Жота во 21. минута израмни на 1:1 и покрај протестите на Еди Хоув и фудбалерите на Њукасл, откако еден нивни фудбалер лежеше повреден на теренот.
Само три минути подоцна, Мо Салах ја продолжи голгетерската серија за пресврт, пред во 87. минута Трент Александер-Арнолд да стави точка на обидите на гостите да спасат барем поен во борбата за опстанок.
Standings provided by SofaScore LiveScore