Ливерпул наследникот на Салах го најде во Мадрид

Ливерпул наследникот на Салах го најде во Мадрид

пред 2 месеци

Ливерпул е подготвен да одвои 70 милиони евра за да го доведе Арда Гулер од Реал во летниот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми. Турскиот напаѓач е посочен како можна замена за Мохамед Салах (32), кој е под договор до крајот на сезоната.

Минатата година Ал Итихад од Саудиска Арабија на Ливерпул му понуди околу 180 милиони евра за трансферот на Салах. Познато е дека Салах не би имал ништо против нов договор со клубот со кој ги освои Премиер лигата и Лигата на шампионите, но сака тригодишен договор, а во Ливерпул не се сигурни дали би потпишале играч има 32 години.

Во клубот се убедени дека ќе се договорат со крилниот напаѓач кој на 362 натпревари за клубот постигна 219 гола и забележа 96 асистенции, но бараат и соодветно решение доколку не оди се според планот.

Во оваа приказна е и талентираниот Гулер (21), кој не добива вистинска можност во Реал и не го крие незадоволството.

Share
Scroll to Top