Лидс јунајтед, со македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски во стартниот состав, стигна до 2:1 победа на гости кај Фулам на „Крејвен котиџ“, така спречувајќи го лондонскиот клуб по подолго време да излезе од зоната за испаѓање во Премиер лигата.
Патрик Бамфорд ги донесе гостите во водство во 29. минута од мечот, но Фулам успеа да израмни преку капитенот Јоаким Андерсон девет минути подоцна. Во второто полувреме, Рафиња во 58. минута ја донесе 12-тата победа на Лидс оваа сезона со која се искачија на 11. место на табелата.
Фулам, пак, по 30 меча има 26 поени на 18. место како едиствен тим од долната „тројка“ на табелата (ВБА и Шефилд јунајтед) со реални шанси за опстанок. Пред нив, Њукасл, кои се во лоша форма имаат 28 поени (но од 28 меча), а тука се и Брајтон на 16. место со 29 поени (исто така од 28 меча).