Лингард со нов „блесок“, Вест хем на четвртото место на табелата!

Лингард со нов „блесок“, Вест хем на четвртото место на табелата!

пред 3 години

„Препородот“ на Џеси Лингард во дресот на Вест хем продолжува, откако фудбалерот кој пристигна во јануари на позајмица од Манчестер јунајтед, даде еден гол, имаше фантастична реакција на уште еден за „чеканите“ да стигнат до 3:2 победа на гости кај Вулверхемптон и да се искачат на четвртото место на табелата, пред Челси!

Лингард го отвори резултатот уште во 9. минута со убав гол, за во 14. минута да му асистира на Пабло Форналс за 0:2 водство, а веќе во 38. минута беше 0:3 за тимот на Дејвид Мојс со голот на Боуен. Вулверхемптон се обидоа да се вратат, Дендонкер намали на 1:3 пред крајот на полувремето, пред Фабио Силва да ги постави конечните 2:3 во 63. минута.

Вест хем сега се четврти со 52 поени, еден пред Челси, и три пред Тотенхем и Ливерпул во неизвесна завршница на Премиер лигата, барем во борбата за место во Лигата на шампиони. Вулфс, сега немаат победа во последните пет меча и се на 14. место со 35 поени.

Share
Scroll to Top