Легендата на алпското скијање, Линдзи Вон неодамна го прослави својот 36-ти роденден со фотографии на плажа, и како и секогаш често на своите социјални мрежи поставува разголени фотографии, по што денеска реши да реагира на негативните коментари.
„Во последно време поставив многу фотографии во костими за капење, а иако сум спортистка, има многу безмилосни коментари и медиумски приказни за моето тело и морам да признаам дека понекогаш тоа ме боли. Јас сум нормален човек, и понекогаш седам наведнато, се гледа целулитот на мојот задник… Но, ова тело ми дозволи да направам неверојатни работи во животот и горда сум на мојата сила. Не сум модел и тоа е совршено за мене. Едно нешто ќе ви ветам – нема Фотошоп на моите фотографии, никогаш не сум била на пластична операција. Нема ботокс, нема филери, нема мини-операции. Ништо! 100 отсто природна, 100 отсто Линдзи. Порака до тие кои премногу се грижат за својот изглед – останете силни, здрави и сакајте се“, напиша Вон на Фејсбук.