Лионел Меси неизвесен за натпреварот со Еквадор во четврт-финалето на Копа Америка

Лионел Меси неизвесен за натпреварот со Еквадор во четврт-финалето на Копа Америка

пред 3 месеци

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси би можел да го пропушти четвртфиналето на Копа Америка против Еквадор поради повреда на мускулот, пренесува Ројтерс.

Меси се повреди пред осум дена на натпреварот против Чиле (1:0) во второто коло од групата А на Копа Америка. Аргентинскиот фудбалер потоа го пропушти дуелот со Перу (2:0).

„Ќе почекаме уште неколку часа пред да донесеме конечна одлука. Секогаш е подобро да имаме уште еден ден“, изјави селекторот на Аргентина, Лионел Скалони на прес-конференција.

Share
Scroll to Top