Ерменската фудбалска репрезентација, еден од нашите ривали за пласман барем во баражот за влез на Мундијалот во Катар, доживеа „студен туш“ пред домашната публика, одигрувајќи само 1:1 со Лихтенштајн и пропуштајќи да се искачи на првото место во групата Ј.
Ерменците дојдоа во водство дури во финишот на првото полувреме, кога беше досуден пенал, а капитенот Хенрик Мхитарјан беше сигурен од белата точка. Меѓутоа, Лихтенштајн успеа да стигне до првиот бод во овој квалификациски циклус, откако во 80. минута, тинејџерот Ноа Фрик, кој го замени во игра својот повреден брат Јаник Фрик во 80. минута, ја искористи лошата реакција на голманот Давид Јурченко за да го постигне својот прв гол во репрезентативниот дрес.
#ArmeniaLiechtenstein @HenrikhMkh pic.twitter.com/IcKl0xDaRg
— Ani (@AniHvhn) September 8, 2021
FRICK SCORES FOR LIECHTENSTEIN !! pic.twitter.com/68rELLDja9
— Le Football en VOD XXXV (@FootballXXXV) September 8, 2021