Локатели и официјално е фудбалер на Јувентус

Локатели и официјално е фудбалер на Јувентус

пред 3 години

Јувентус официјално потврдија дека Мануел Локатели го комплетирал трансферот од Сасуоло со двегодишна позјмица со обврска за купување, за вкупна сума од 37.5 милиони евра.

„Јувентус го потврдува договорот со Сасуоло за привремена позамица до 30 јуни 2023 на Мануел Локатели. Договорот го обврзува Јувентус  да го купи играчот ако се исполнети одредени спортски услови на крајот на сезоната 2022/23. За купувањето, Јувентус ќе плати 25 милиони евра, кои ќе бидат платени на три години, а максимум 12.5 милиони евра ќе се додадат преку бонуси на одредени услови“, се вели во објавата на Јувентус.

Според италијанските медиуми „спортските услови“ се лесно остварливи – на пример обврската за купување се активира кога Јувентус ќе ги освои првите поени од сезоната. Јувентус склучи сличен договор со Фиорентина за Федерико Киеза минатото лето.

23-годишниот италијански репрезентативец импресионираше на Европското првенство ова лето, по што Јувентус долго преговараа со Сасуоло за негово ослободување. Локатели пристигна во Сасуоло од школата на Милан во 2018 година, пред во 2019 тие да го купат фудбалерот. Тој имаше 99 настапи за Сасуоло, 7 гола и 11 асистенции, а има и 15 настапи за италијанската репрезентација.

Share
Scroll to Top