Лоша вест за Белгија – без Азар и Де Брујне против Италија

Лоша вест за Белгија – без Азар и Де Брујне против Италија

пред 3 години

Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Роберто Мартинез рече дека Кевин де Брујне и Еден Азар нема да бидат подготвени за четвртфиналниот меч на ЕУРО 2020 против Италија. Белгијците со 1-0 ги победија Португалците, но ги загубија двајцата играчи од средниот ред.

Мартинез вели дека не се работи за сериозни повреди, Азар има проблем со мускул на ногата, додека Де Брујне со скочниот зглоб.

„Позитивно за нас е што Еден и Кевин немаат структурни оштетувања, па ќе останат со екипата. Азар почувствува болка во феморалниот бицепс, ама не е сериозно. Де Брујне доби удар во зглобот и почувствува болка во лигаментите. Нема да ги опоравиме до петок, но ќе бидат подготвени з следната фаза од натпреварувањето. Во овој момент шансите да настапат против Италија се 50-50“ вели белгискиот селектор.

Share
Scroll to Top