Лошто време ја одложи првата трка на СП

Лошто време ја одложи првата трка на СП

пред 4 години

Лошите временски услови ја откажаа траката во комбинација, со која во Коритна д’Ампецо, требаше да започне Светското првенство во алпски скијање.

Меѓународната скијачка федерација (ФИС), објави дека, трката е откажана, поради силните врнежи од снег, густата магла и ниските температури на воздухот.

Организаторите сега треба да најдат нов термин за трката во комбинација во женска конкуренција.

Утре, според програмата. ќе се возата трките во супер велеслалом во машка и женска конкуренција, во среда мажите ќе се натпреваруваат во комбинација.

Share
Scroll to Top