Луис Енрике титулата и ја посвети на починатата ќерка

Луис Енрике титулата и ја посвети на починатата ќерка

пред 2 дена

Луис Енрике емотивно ја прослави титулата во Лигата на шампионите. Неговиот ПСЖ го декласира Интер во финалето во Минхен со 5:0, Енрике ја освои својата втора титула во ЛШ, по онаа со Барселона во 2015 година и стана вториот тренер во историјата, покрај Пеп Гвардиола, кој два пати ја освои тројната круна.

Луис Енрике титулата и ја посвети на починатата ќерка Чана, со која во 2015 година во Берлин ја славеше титулата со Барселона. Ќерката на Луис Енрике почина во 2019 година, на девет годишна возраст од рак на коските.

На крајот од натпреварот, навивачите на ПСЖ му се оддолжија со кореографија со неговиот лик и неговата покојна ќерка и знамето на ПСЖ.

„Таа секогаш беше со мене откако си замина, не физички, туку духовно“, започна експертот за освојување трофеи и продолжи:

„Победата во Лигата на шампионите не нè зближува, ја чувствувам повеќе кога губиме. Секогаш ја чувствувам, успехот не менува ништо. „Сакам да живеам сеќавајќи се на сите убави работи што мојата ќерка ми ги донесе во животот“, заврши Енрике.

Патем, веднаш по завршувањето на натпреварот, шпанскиот тренер одлучи да ѝ оддаде почит на својата ќерка носејќи маица со цртеж на која тој и Чана го ставаат знамето на ПСЖ на теренот.

Share
Scroll to Top