Луис Суарез донираше 1.000 хамбургери

Луис Суарез донираше 1.000 хамбургери

пред 4 години

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез донираше 1.000 „Биг мек“ хамбургери како дел од годишната добротворна акција на рестораните „Мекдоналдс“ во неговиот роден Уругвај.

Суарез ги купи хамбургерите во Шпанија по 4.75 евра парче, трошејќи 4.750 евра за да учествува во акцијата, а сите средства ќе се донираат во „Роналд Мекдоналд хаус асоцијацијата“, добротворната компанија на ланецот на ресторани, која помага 7.000 деца и нивните семејства во Уругвај.

Хамбургерите на Суарез ќе одат кај децата во младинската лига во Пандо, градче на 32 километри од престолнината Монтевидео. Во акцијата се вклучи и поранешниот фудбалер на Интер, Алваро Рекоба, додека во слична акција минатата година, Карлос Тевез донираше 1.000 хамбургери во Аргентина.

Share
Scroll to Top