ЛШ: Шериф го „испука“ и Динамо, Шахтјор го шокираше Монако

ЛШ: Шериф го „испука“ и Динамо, Шахтјор го шокираше Монако

пред 3 години

Молдавскиот шампион Шериф Тираспол е на чекор од сензационален влез во групната фаза на Лигата на шампионите, откако со 3:0 ги совлада фаворизираните Динамо Загреб во првиот меч од баражот. Шахтјор Доњецк, пак, редовниот учесник на ЛШ, победи во Монако со 1:0, додека Салцбург има 2:1 предност во мечот со данскиот шампион Брондби.

Шериф, кои во претходното коло ги елиминираа Црвена звезда и спречија дуел на двата фудбалски гиганти од екс-Југославија, дојдоа во водство во финишот на првото полувреме, кога напаѓачот од Мали, Адама Траоре доби одлична топка и го матираше голманот Ливаковиќ. Грчкиот напаѓач Димитриос Коловос го удвои водството во 54. минута, пред во 80. минута Траоре да постигне еден гол за да осигура Шериф да патува на „Максимир“ со голема предност.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, 1.МЕЧ

Монако (Фра) – Шахтјор Доњецк (Укр) 0:1

Шериф Тираспол (Мол) – Динамо Загреб (Хрв) 3:0

Ред Бул Салцбург (Авт) – Брондби (Дан) 2:1

Share
Scroll to Top