ЛШ: Шериф со совршено деби, Халанд пак со гол за Борусија

ЛШ: Шериф со совршено деби, Халанд пак со гол за Борусија

пред 3 години

Молдавскиот клуб Шериф Тираспол имаше совршено деби во групната фаза на Лигата на шампионите, победувајќи го реткиот редовен учесник од источна Европа, украинскиот Шахтјор Доњецк со 2:0. Борусија Дортмунд пак, повторно на силата на своите млади ѕвезди Џуд Белингам и неверојатниот Ерлинг Халанд стигна до тешка 1:2 победа кај Бешикташ.

Напаѓачот од Мали, Адама Траоре (четврт фудбалер со вакво име кој играл во Лигата на шампионите), постигна фантастичен гол во 16. минута за водство на Шериф, пред замената Момо Јансане од Гвинеја во 76. минута да ја потврди радоста на молдавскиот клуб.

Во Турција пак, Бешикташ имаше одличен старт и супер-шанса преку Мичи Батшуаи, но во 20. минута, Дортмунд стигна до водство со фантастична акција во која стрелаше англискиот тинејџер Џуд Белингам. Пред крајот на полувремето, Ерлинг Халанд го постигна неверојатниот 21. гол во 17-тиот меч во Лигата на шампионите за обезбедување на победата. Франциско Монтеро во 94. минута им даде надеж за камбек во седумте минути продолжение, но тоа на крајот на се случи.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО

ГРУПА Ц

Бешикташ – Борусија Дортмунд 1:2

Спортинг Лисабон – Ајакс 21.00 ч.

ГРУПА Д

Шериф Тираспол – Шахтјор Доњецк 2:0

Интер – Реал Мадрид 21.00 ч.

Share
Scroll to Top